• четврток, 26 март 2026

Бројот на жртви во експлозијата во фабриката за оружје во Копејск се зголеми на 23

Бројот на жртви во експлозијата во фабриката за оружје во Копејск се зголеми на 23

Москва, 30 октомври 2025 (МИА) - Бројот на жртви од експлозијата на 22 октомври во фабрика за оружје во централна Русија се зголеми од 12 на 23, соопштија властите вчера по завршувањето на операциите за пребарување.

Причината за инцидентот, што се случи во фабриката „Пластмас“ во Копејск на Урал, регион каде што се наоѓаат бројни одбранбени компании, сè уште не е утврдена, но е започната истрага за прекршување на прописите за безбедност при работа.

„Конечниот број на жртви во оваа трагедија е 23“, соопшти регионалната влада на Телеграм, откако спасувачите поминаа една недела пребарувајќи ги урнатините за преживеани и тела.

Видеата што кружат на социјалните медиуми покажаа огнена топка што избувна од руската воена фабрика за експлозиви.

Истражителите, од своја страна, ги негираа извештаите дека експлозијата, која срамни со земја една од зградите во објектот што се наоѓа на приближно 1.600 километри од украинската граница, била предизвикана од напад со дронови.

Од почетокот на војната во 2022 година, Украинците редовно напаѓаат руски индустриски капацитети користејќи дронови или преку саботажа.

Тие, исто така, редовно напаѓаат железници, рафинерии за нафта, јаглеводородни цевководи и друга енергетска инфраструктура. мс/

фото: „Х“

Остани поврзан