Бројот на гледачи на португалското Гран при се намалува од 46 на 27,5 илјади
- Организаторите на трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Португалија најавија намалување на бројот на гледачи.

Портимао, 19 октомври 2020 (МИА) - Организаторите на трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Португалија најавија намалување на бројот на гледачи.
- Додека ја чекаме конечната одлука на Министерството за здравство, одлучивме максималниот број на гледачи да биде 27.500, соопшти Пауло Пинеиро, раководител на патеката „Алгарве“.