• недела, 22 декември 2024

Бронзени медали за кумановските гимнастичари на државното првенство

Бронзени медали за кумановските гимнастичари на државното првенство
Куманово, 1 ноември 2022 (МИА) - Гимнастичарите од кумановскиот клуб Атлета освоија бронза на државно првенство во Битола во поединечна конкуренција, соопштија денеска од клубот. - Во силна конкуренција на преку 150 натпреварувачи од целата држава кумановските гимнастичари освоија три бронзени медали во поединечна конкуренција. Освоивме прво место во екипна конкуренција машки (помлади јуниори) и два бронзени медали во поединечна конкуренција, изјави тренерот на клубот Филип Миленковски. Во машка „А“ програма до 9 години, Милош Јовановиќ освои 3. место во категорија помлади јуниори, а во „Б“ програма јуниори Бојан Ефремовски исто така се избори за 3. место. Во женската „А“ програма Вања Денковска освои 3. место во категорија јуниорки во поединечна конкуренција. -По пауза од 26 години гимнастиката во Куманово се враќа на она место каде што припаѓа. Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала, од причина што градот има голем број на гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт, апелира Миленковски. На првенството учествуваа 19 натпреварувачи од Атлета од кои девет во машка и десет во женска конкуренција. ам/зс/

Остани поврзан