• понеделник, 23 декември 2024

Брнабиќ: Србија чека дозвола на Фајзер за донацијата на вакцини за С Македонија

Брнабиќ: Србија чека дозвола на Фајзер за донацијата на вакцини за С Македонија
Белград,  11 февруари 2021 (МИА) - Сè е подготвено за Србија да и ја предаде донацијата на вакцините на Фајзер на Северна Македонија, но се чека дозвола на тој американски производител, изјави премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Таа објасни дека договорот меѓу Србија и Фајзер предвидува дека вакцините не можат да се извезуваат. -Имаме одредени количини на вакцини наменети за донација во Северна Македонија, единствено што се чека е техничката документација, односно официјалното одобрување од Фајзер дека нивните вакцини можат да бидат донирани, изјави Брнабиќ. Таа посочи дека разговарала со директорот на „Фајзер “за да добијат одобрување за донацијата што е можно поскоро, а оти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повлекол личните врски со САД за да ја добијат таа согласност. -Се надеваме дека сè ќе се заврши во следните неколку денови, истакна премиерката Брнабиќ. Испораката на вакцини во Северна Македонија како донација од Србија, која беше најавена за четврток, 11 февруари, е одложена за следните неколку дена, соопштија синоќа од Претседателството на Србија. -Поради неопходност од набавка на дополнителна техничка документација, испораката на вакцини во Република Северна Македонија е одложена. Вакцините ќе и бидат предадени на Северна Македонија во наредните денови, се наведува во соопштението. об/сст/  

Остани поврзан