Брнабиќ: Нема област во која е забележано назадување на Србија во извештајот на ЕК
Белград, 8 ноември 2023 (МИА)- Српската премиеркае Ана Брнабиќ изјави денеска, откако шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофр, ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за Србија, дека ЕК го препознала јасниот напредок на Србија во сите клучни области и дека нема назадување во реформите во ниту една област, јави дописникот на МИА од Белград.
-Најважно е дека ЕК го препозна јасниот напредок на Србија во процесот на европска интеграција, а тоа е сосема евидентно. Нема ниту една област во извештајот каде што е забележано назадување во однос на минатогодишниот извештај, рече Брнабиќ на прес конференција.
Таа изјави дека е забележан напредок во сите области, освен во три области каде е забележана стагнација, на пример, во рибарството каде што не е донесен акционен план.
Премиерката Брнабиќ истакна дека е забележан напредок во сите клучни области - владеење на правото, економијата и областа на основните права.
Таа рече дека извештајот претставува пресек на состојбата на работите на она што го Србија го направила во последната година за да го доближи законодавство и правната рамка до европската.
Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофре истакна дека Србија нема напредок кога се зборува за усогласување со надворешната политика на Европската унија.
Тој посочи и дека напредокот на Србија во борбата против корупцијата е „ограничен“ и додаде дека се уште се чека стратегијата за борба против корупцијата.
об