• понеделник, 23 декември 2024

Брнабиќ и ЕК за посетата на опозициската СзС на Брисел

Брнабиќ и ЕК за посетата на опозициската СзС на Брисел
Белград, 30 јануари 2020 (МИА) - По средбите кои изминативе два дена ги имаше делегацијата на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) во Брисел, се огласи српската премиерка Ана Брнабиќ, која реагираше, изјавувајќи дека СзС во разговорите со преставниците на Европскиот парламент изнесла „импресивна низа“ на невистини, јави дописникот на МИА од Белград. - Драган Ѓилас, Небојша Зеленовиќ и претставникот на Движењето на слобдни грраѓани (ПСГ), Натан Албахари, вчера на потпретседателката на ЕП и изјавија дека власта во Белград ги довела во заблуда своите партнери во Брисел затоа што не го исполниле она што е договорено и она што е ветено во меѓупартискиот дијалог за изборните услови. Брнабиќ во писмената изјава кажа дека станува збор за „импресивна низа на лаги“ и потсети дека сите препораки се почитувани и спроведени. - Обидот да се обвинат властите дека не ги исполниле договорените обврски во Брисел - во дијалогот кој го бојкотираа, иако тие го повикаа ЕП да иницира и да посредува во тој дијалог - е уште еден обид да се забави европската интеграција на Србија заради малите политички интереси на СзС, оцени Брнабиќ. Таа наведе дека претставниците на СзС отишле во Брисел „исклучиво со цел да шират невистини за работи што можат лесно да се проверат“, што, посочува Брнабиќ, е показател за нивната политичка неодговорност. Досега сите препораки се целосно имплементирани, освен изборот на двајца членови на РЕМ, чија постапка трае, кажа Брнабиќ. -Сето ова ја покажува нашата подготвеност, преку дијалог да ги подобриме изборните услови кои моментно се на највисоко ниво во последните две децении, кажа Брнабиќ. Портпаролката на ЕК, Ана Писонеро денеска од Брисел даде две изјави за Србија. Во едната, Писонеро изјави дека Европската комисија жали што ситуацијата со медиумите во Србија доведе до намалување на пристапот на граѓаните до различни медиуми, вклучувајќи ја и N1 телевизијата. - Сметаме дека медиумскиот плурализам мора да се зголеми, а не да се намали, и се надеваме дека со фер и рамномерна примена на законот ќе се најде решение, кажа Писонеро. Во втората изјава на редовната прес-конференција, таа истакна дека Европската комисија проценува дека бојкотот на изборите што го најави опозицијата во Србија „сигурно не е начин за напредок“. - Отсекогаш сме повикале политичката дебата да биде во Парламентот и го охрабрувавме демократското учество на сите политички сили, изјави портпаролката на Комисијата, Ана Писонеро. об/гт/

Тагови

Остани поврзан