• недела, 22 декември 2024

Брнабиќ ги распиша изборите за град Белград за 2 јуни

Брнабиќ ги распиша изборите за град Белград за 2 јуни

Белград, 3 април 2024 (МИА) - Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ за 2 јуни ги распиша изборите за советници за градското собрание на Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Ана Брнабиќ претходно денеска, по разговорите со опозицијата во собранието изјави дека нема можност за поместување на датумот на изборите за град Белград.

-Моја законска и уставна обврска е да ги распишам до полноќ, можеше и порано, но на барање на опозицијата и на српскиот претседател Александар Вучиќ, изборите во Белград поместени се за 2 јуни, рече Брнабиќ.

Претседавачот на градското собрание на Белград, Тома Фила, на 3 март пред празна сала најави дека нема кворум за одржување на седницата и дека следуваат нови избори.

Ова уследи кога ниту една од коалициите на партитие по изборите во декември минатата година не успеа да формира мнозинство на одборници во собранието кое брои 110 одборници.

Со ова белграѓани по втор пат за шест месеци ќе излезат на гласање. об/сд/

Остани поврзан