• петок, 22 ноември 2024

Брнабиќ: Апсолутно не ме интересираат резолуциите на Европскиот парламент

Брнабиќ: Апсолутно не ме интересираат резолуциите на Европскиот парламент

Белград, 20 март 2024 (МИА) – Српската премиерка во заминување и кандидат за нов спикер на српското Собрание, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека ќе се залага за подобри односи со Европскиот парламент (ЕП), но дека ова европско тело никогаш нема да биде над српскиот Парламент, како и дека воопшто не ја интересираат резолуциите на ЕП.

-Резолуциите на ЕП за мене како пратеник и се надевам утре како претседател на Собранието не дека не се обврзувачки, туку апсолутно не ме интересираат, рече Брнабиќ за време на собраниската дискусија, пренесе Бета.

Таа додаде дека во ЕП има и такви кои сакаат добро за Србија, но и такви кои не и сакаат, наведувајќи дека тоа се „пријатели на опозицијата, Приштина и Албин Курти“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан