• петок, 22 ноември 2024

Британско МО: Русија сака да изврши дополнителен притисок врз Северодоњецк

Британско МО: Русија сака да изврши дополнителен притисок врз Северодоњецк
Лондон, 9 јуни 2022 (МИА) - Русија сака да го врати моментумот околу Изјум, со цел да изврши дополнителен притисок врз Северодоњецк, се наведува во најновиот разузнавачки извештај на британското Министерство за одбрана. Изјум се наоѓа на клучен пат кон регионот Донбас. Според британското Министерство, рускиот напредок во градот останува закочен од април, откако украинските сили „добро го искористија“ теренот во регионот за да го забават напредувањето на Русија. Како што пишува во извештајот, моментумот во Изјум ќе ѝ даде на Русија опција да напредува подлабоко во областа Доњецк. бд/јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан