• четврток, 05 декември 2024

Британски министер за ветерани: Нашата војска ќе биде уништена за само шест месеци војување

Британски министер за ветерани: Нашата војска ќе биде уништена за само шест месеци војување

Лондон, 4 декември 2024 (МИА) - Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер Карнс, денеска изјави дека во случај на голема војна британската војска ќе биде уништена за шест месеци, најдоцна до една година. 

Карнс изјави дека сегашната големина на британската армија значи дека нејзините сили би биле онеспособени во рок од 12 месеци доколку дојде до конфликт од размери слични на оној во Украина, објави бриселскиот портал Политико. 

Според министерот, во конфликтот во Украина секојдневно се убиени или ранети околу 1.500 руски војници. 

Како што Карнс рече на еден собир во Лондон, во војна која нема да биде само ограничена интервенција, туку ќе има размери на војна слична на конфликтот во Украина, британската армија како дел од една поширока меѓународна коалиција, според сегашната стапка на руски загуби, ќе биде уништена за шест месеци до една година. 

Тој додаде дека е важно да има високо ниво на резервисти, кои се од апсолутно централно значење во вакви околности. 

„Без нив, не можеме да создадеме маса, не можеме да извршиме серија одбранбени задачи“, предупреди Карнс. 

Тој додаде дека тоа не значи дека Велика Британија треба да има поголема армија, туку дека може во случај на криза брзо да го утврди бројот на расположлив персонал. 

Политико наведува дека британската армија во моментов располага со најмалку војска уште од 18 век, иако заменик-началникот на Генералштабот за одбрана Роб Магован минатиот месец беше јасен дека „доколку биде повикана да се бори, британската војска ќе биде подготвена да започне борби уште вечерва“.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан