• недела, 22 декември 2024

Британските разузнавачи тврдат дека Русија прераспоредува војници од Грузија

Британските разузнавачи тврдат дека Русија прераспоредува војници од Грузија
Лондон, 1 април 2022 (МИА) – Британското Министерство за одбрана објави нови податоци за ситуацијата во Украина според кои Русија префрла свои сили од Грузија со цел да го зголеми интензитетот на инвазијата врз Украина. Британското Министерство за одбрана додава дека меѓу 1.200 и 2.000 од тие војници се реорганизираат во три баталјонски тактички групи. - Малку е веројатно дека Русија планирала да генерира засилување по ова прашање и тоа укажува на неочекуваните загуби што ги претрпе за време на инвазијата, соопшти британското Министерство за одбрана. јт/

Остани поврзан