• недела, 22 декември 2024

Британските партии трошат десет пати повеќе пари за реклами на Фејсбук и Инстаграм отколку лани

Британските партии трошат десет пати повеќе пари за реклами на Фејсбук и Инстаграм отколку лани

Лондон, 26 февруари 2024 (МИА) - Количината на пари што ја трошат Конзервативната и Лабуристичката партија во Велика Британија на платформите Фејсбук и Инстаграм е зголемена за повеќе од 10 пати од почетокот на 2023 година, пренесува Скај њуз.

Се очекува вложувањата да се зголемат за дополнителни 80 отсто откако платформите ги сменија правилата за „таргетирање“ на политичките реклами, така што тие сега ги фаворизираат двете најголеми британски партии.

Малите партии се пожалија на промените, а либералдемократите велат дека правилата за претстојните избори се направени за да се фаворизираат конзервативците, за кои тврдат дека се партијата со најдлабоки џебови.

Од сите политички реклами на платформите на Фејсбук и Инстаграм во Велика Британија, Конзервативната партија пласираше 52 отсто од нив, Лабуристичката партија 45 отсто, а Либерал-демократите платија само 1,6 отсто од рекламите, Зелената партија 0,5 отсто и Реформистичката Партија 0,2 отсто.

Скај наведува дека корисниците на Фејсбук и Инстаграм постари од 50 години веројатно ќе видат реклами на Конзервативната партија за економијата, или лабуристи за порастот на насилството со оружје, додека лицата под 40 години веројатно ќе ги видат пораките „директно“ од премиерот Риши Сунак или од Лабуристите за затајувачите на данок. ссм/

фото: архива

Остани поврзан