• четврток, 19 декември 2024

Британскиот премиер повика на прекин на огнот

Британскиот премиер повика на прекин на огнот

Лондон, 25 септември 2024 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е „многу загрижен“ поради ескалацијата на борбите во Либан и ги повика „сите страни“ да се повлечат и да ја деескалираат ситуацијата.

-Потребен ни е прекин на огнот за да може ова да се реши по дипломатски пат, додаде тој.

На прашањето каква е неговата порака до британските државјани кои сè уште се во Либан, Стармер рече: „Времето за заминување е сега. Плановите за вонредни ситуации се засилуваат, но не чекајте ги.

-Сè уште има комерцијални летови, многу е важно да ја слушнат мојата порака, а тоа е да си заминете веднаш, изјави Стармер. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан