Британскиот премиер не е сослушан од полицијата за забавите за време на локдаунот
- Полицијата во Лондон не го испрашуваше британскиот премиер Борис Џонсон за серијата забави во неговата резиденција на Даунинг стрит за време на локдаунот, изјави денеска неговиот портпарол.
Лондон, 27 јануари 2022 (МИА) - Полицијата во Лондон не го испрашуваше британскиот премиер Борис Џонсон за серијата забави во неговата резиденција на Даунинг стрит за време на локдаунот, изјави денеска неговиот портпарол.
Тој додаде дека кабинетот на Џонсон сè уште не го добил извештајот од внатрешната истрага за можни прекршувања на изолацијата, спроведена од високиот државен службеник Сју Греј.
Премиерот Џонсон денеска изјави дека интерниот извештај во целост ќе го објави кога ќе биде готов.