• четврток, 26 март 2026

Британскиот крал положи венец во спомен на војниците кои загинаа во Втората светска војна

Британскиот крал положи венец во спомен на војниците кои загинаа во Втората светска војна

Лондон, 8 мај 2025 (МИА) – Британскиот крал Чарлс Трети им оддаде почит на британските војници кои загинаа во Втората светска војна на церемонијата во Вестминстерската опатија по повод 80-годишнината од крајот на конфликтот во Европа.

По пристигнувањето во опатијата, во придружба на кралицата Камила, кралот положи венец на гробот на непознатиот војник.

Никогаш нема да заборавиме, гласеше пораката потпишана од монархот прикачена на венецот.

Престолонаследникот Вилијам, кој беше придружуван од неговата сопруга, принцезата Кејт, исто така положи венец.

На церемонијата присуствуваа и премиерот Кир Стармер и ветераните, а двоминутен молк беше прогласено низ целата земја.

Пра-правнукот на Винстон Черчил, кој има 10 години, исто така учествуваше на церемонијата во опатијата, каде што запали свеќа за мир. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан