• понеделник, 23 декември 2024

Британска тинејџерка пет часа протестираше на Арктикот

Британска тинејџерка пет часа протестираше на Арктикот
Лондон, 28 септември 2020 (МИА) - Млади активисти предводени од Швеѓанката Грета Тунберг протестираат низ цел свет. А, денес, тоа се случува и во време на корона-пандемијата, со цел запирање на климатските промени и ублажување на нејзините влијанија. Пожари на западниот брег на САД, огромни поплави во Кина и топлотни бранови на сибирскиот арктик, се некои од природните катастрофи што периодов го погодија светот. Затоплувањето на Арктикот придонесе за драстично топење на мразот што го покрива Северниот Океан. Ова е второ рекордно намалување на мразот во последните 40 години. Сателитски снимки од 15 септември покажуваат дека мразот зафаќа 3,74 милиони квадратни километри морска површина, што е втор пат во последните 42 години таа бројка да падне под четири милиони квадратни километри. Поради ова, 18-годишната Британка Мија-Роуз Крег минатата недела протестираше во Арктичкиот круг, најсеверниот дел на Земјината хемисфера. Таа пристигна на работ на глечер со еколошка група на Гринпис и со бродот „Арктички изгрев“ (Arctic Sunrise). - Сакав со свои очи да видам на што сме изложени, оти клучниот заштитник на нашата планета - Арктичкиот Океан се топи неверојатно брзо, рече тинејџерката. Таа мина пет часа на мразот, држејќи натпис „Штрајк на младите за климата“.  си/ссм

Остани поврзан