• понеделник, 23 декември 2024

Британската полиција бара појасни правила за „заклучувањето“

Британската полиција бара појасни правила за „заклучувањето“
Лондон, 8 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на Полициската федерација, Џон Аптер, кој ги застапува полицајците од Англија и Велс, повика на поголема „јасност“ на правилата за „заклучување на државата“, во корист на на јавноста и полицијата. Аптер рече дека има голем притисок врз полицијата затоа што повеќе луѓе ги кршат правилата сега отколку за време на „заклучувањето“ пролетта 2020 година, додавајќи дека „поради тоа ќе мора да има поголема примена на законот“, пренесува Би-Би-Си. Според него, регулативите станале „збунувачки“. Тој за Би-Би-Си изјави дека јавноста очекува да бидат гонети луѓето што намерно ги кршат правилата. Посебна загриженост во врска со кршењето на законот има во однос на демонстрациите, забавите во домовите и луѓето кои одбиваат да носат маски. паг/

Остани поврзан