• недела, 22 декември 2024

Британската Влада планира 10 милиони тестови за коронавирус секој ден

Британската Влада планира 10 милиони тестови за коронавирус секој ден
Лондон, 10 септември 2020 (МИА) - Британското медицинско списание BMJ објави дека Владата на Велика Британија работи на планови за зголемување на бројот на тестови за коронавирус на ниво кое е незамисливо, односно дека планира да спроведе 10 милиони тестови секој ден до почетокот на следната година, како дел од големото проширување на националната програма за тестирање. Цитирајќи официјални документи, медицинското списание објави дека Владата е подготвена да потроши околу 130 милијарди фунти за да го плати масовното тестирање со цел „поддршка на економската активност и враќање во нормален живот“. Меморандумот што списанието го доби на увид, за таканаречената „Операција Месечина“, е испратен до премиерката на Шкотска, Никола Старџен и нејзините министри и предвидува дека спроведувањето на тој план ќе чини „повеќе од 100 милијарди фунти “. Ако овој план се спроведе, тоа ќе значи дека целото население на Велика Британија може да се тестира секоја недела. паг/  

Остани поврзан