• понеделник, 13 мај 2024

Британија: Супермаркетите ги молат купувачите да не прават резерви

Британија: Супермаркетите ги молат купувачите да не прават резерви
Лондон, 15 март 2020 (МИА) - Супермаркетите во Велика Британија ги повикаа денеска купувачите, поради епидемијата на коронавирус, да не купуваат повеќе производи отколку што им е потребно. Во заедничкото соопштение за јавноста, неколку британски трговски синџири ги повикаа купувачите да имаат обѕир при набавките, со цел да не останат другите без потребни производи. - Има доволно производи за сите, доколку заедно работиме, наведуваат маркетите. Писмото е упатено до јавноста откако неколку продавници почнаа да ја рационализираат продажбата на одредени производи, за да изгледа дека тие целосно се распродадени. Во соопштението се додава и дека купувањето преку интернет целосно е во функција, а вработените и доставувачите работат деноноќно „со цел нацијата да биде задоволена“, но и дека соработуваат со Владата и снабдувачите со цел да се обезбеди испорака на стока до продавниците. - Ја разбираме вашата загриженост, но купување повеќе од потребното понекогаш предизвикува другите да останат без неопходните продукти, се наведува во соопштението. гт/

Остани поврзан