• четврток, 21 ноември 2024

Британија очекува Кина да се придржува кон меѓународното право

Британија очекува Кина да се придржува кон меѓународното право
Лондон, 6 јули 2020 (МИА) - Велика Британија очекува дека Кина ќе се придржува кон меѓународното право, изјави денеска портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон на прашањето што ќе преземе Лондон ако Пекинг ги спречи луѓето во Хонгконг кои имаат британски прекуморски статус (БНО) да го напуштат. Британија понуди пат до државјанство за околу три милиони луѓе во Хонгконг, нејзина поранешна колонија, откако соопшти дека Кина ги прекршила условите на договорот за примопредавање од 1984 година со наметнување на новиот закон за безбедност. - Веќе одредивме што ќе обезбедиме за БНО... Очекуваме Кина да ја сфати важноста на придржувањето кон меѓународното право, нагласи портпаролот на Џонсон. Тој повтори зошто Британија ги преземала соодветните чекори. - Усвојувањето и наметнувањето на законот за национална безбедност претставува јасно и сериозно кршење на заедничката декларација, односно се крши високиот степен на автономија на Хонгконг, додаде портпаролот на британскиот премиер. Претходно, кинескиот амбасадор во Лондон, Лиу Џиаоминг ја обвини Велика Британија дека се меша во внатрешните работи на Кина и дава несоодветни приговори откако во Пекинг беше усвоен законот за национална безбедност. Лиу, меѓу другото, наведе дека понудата на Британија да им даде државјанство на жителите на Хонгконг е „чекор што претставува сериозно мешање во внатрешните прашања на Кина“. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан