• среда, 05 март 2025

Британец осуден на 19 години затвор во Русија затоа што се борел на страната на Украина

Британец осуден на 19 години затвор во Русија затоа што се борел на страната на Украина

Лондон, 5 март 2025 (МИА) - Руски суд денеска го осуди британскиот државјанин Џејмс Андерсон, притворен во Русија и обвинет дека се борел за украинската армија во руската област Курск, која граничи со Украина, на 19 години затвор.

Андерсон (22) е прогласен за виновен за „тероризам“ и „платеништво“, се вели во соопштението на прес-службата на судовите во областа Курск, каде што воениот суд му судеше зад затворени врати.

Се додава дека Андерсон се изјаснил за виновен и дека се борел за Украина од финансиски причини.

Рускиот истражен комитет соопшти дека Андерсон „нелегално“ влегол во руската област Курск во ноември 2024 година, каде што украинската војска сè уште држи неколку стотици квадратни километри од ненадејната офанзива во август 2024 година.

Андерсон, пред да биде уапсен во областа Курск, наводно извршил „злосторства против цивилното население“, додаде Истражниот комитет, без да даде детали во врска со обвинението.

Руското правосудство неколку пати осудувало странци кои се борат во украинската армија, за кои смета дека се платеници, а не доброволци. паг/

Фото: МИА архива


  

 

Остани поврзан