• четврток, 26 март 2026
Брзи лепчиња со сирење

 

Ова утро нека започне со топли лепчиња 

 

Состојки:

  • 250 грама крем сирење
  • 1 јајце
  • 10 грама сол
  • 300 грама брашно, по желба
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 25 мл масло
  • 25 мл млеко
  • 50 грама јогурт
  • малку млеко за премачкување
  • семки, по желба

 

Подготовка:

Соединете ги сите состојки заедно и замесете мазно тесто кое е одлично за правење и не се лепи многу. Развлечете го тестото на многу мала количина брашно, месете кратко и поделете го на 8-10 еднакви делови. Обликувајте го секој дел по желба, можете да направите тркалезни лепчиња, како багети, како што сакате.Ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Секое тесто премачкајте го со малку млеко, наросете со семки и печете на 190 степени 20 минути.

 

Фото: Фрипик

 

Остани поврзан