Брест ќе добие 4,2 милиони евра од УЕФА за две победи во ЛШ, ова е 10 отсто од годишниот буџет на клубот
- Брест го победи Салцбург со 4:0 вчеравечер во 2. коло од Лигата на шампионите. Ова е втора победа на францускиот клуб во елитната фудбалска лига.
Брест, 2 октомври 2024 (МИА) – Брест го победи Салцбург со 4:0 вчеравечер во 2. коло од Лигата на шампионите. Ова е втора победа на францускиот клуб во елитната фудбалска лига.
Врз основа на резултатите од двата натпревара, Брест ќе добие 4,2 милиони евра од УЕФА. Оваа сума е приближно 10 отсто од годишниот буџет на клубот (48 милиони евра) и половина од годишниот фонд на платите на играчите (8,4 милиони евра).
Во следниот натпревар од Лигата на шампионите, Брест ќе се сретне со Баер. Натпреварот ќе се одигра во Леверкузен на 23 октомври.
Брест со Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен во моментов се на водечките три позиции на табелата во Лигата на шампионите со максимални шест бода. зс/
Фото: ЕПА