Брестовац повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација
- Ракометната Федерација на Македонија денес ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и Данило Брестовац, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машк

Скопје, 26 јануари 2021 (МИА) - Ракометната Федерација на Македонија денес ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и Данило Брестовац, заемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.
Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.
Со него како предводник „црвено-жолтите“ на Светското првенство во Египет кое е во тек извојуваа само една победа и пет порази. зс/