• среда, 04 септември 2024

Брера Струмица против Сараево во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица против Сараево во младинската Лига на шампиони


Нион, 3 септември 2024 (МИА) – Македонскиот претставник во фудбалската Лига на шампиони, Брера Струмица, го доби за противник Сараево на денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион со која беа одредени паровите за воведното квалификациско коло.
Својот премиерен настап на европската сцена младинците на Брера Струмица ќе го имаат на 18 овој месец на домашен терен, додека реваншот е закажан за 3 октомври.
Победникот од пресметката меѓу младинските шампиони на Македонија и на БиХ во второто квалификациско коло ќе игра против израелскиот првак Макаби Петах Тиква.
Од оваа година за прв пат во младинската Лига на шампиони учествуваат претставници од сите 54 земји членки на УЕФА, а Брера Струмица ќе се обиде да стане првиот македонски клуб што ќе обезбеди пласман во второто квалификациско коло. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан