Брегу: Регионот уште еднаш ќе постигне резултати - отворен Третиот дигитален самит на Западен Балкан
- Третиот дигитален самит на Западен Балкан беше отворен со потпишување меморандум за разбирање за план за 5Г мрежа за дигитална трансформација и за регионални услуги за интероперабилност и дов
Тирана, 2 ноември 2020 (МИА) - Третиот дигитален самит на Западен Балкан беше отворен со потпишување меморандум за разбирање за план за 5Г мрежа за дигитална трансформација и за регионални услуги за интероперабилност и доверба за електронски трансакции во регионот.
Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мелинда Брегу рече дека е уверена дека регионот уште еднаш ќе постигне резултати.
- Кој и да се сомневаше кога дигиталната иднина одеднаш ќе се појави во нашите животи, засега е убеден дека иднината веќе пристигна. Ограничувањата на движењето и работата донесоа голем пораст на стапката на невработеност во Западен Балкан, помеѓу 5 и 30 проценти. Инвестирањето во технологија и преминувањето во дигиталната сфера може да донесе промени. Дигиталната трансформација во регионот може да доведе до зголемување на продуктивноста од четири отсто, рече Брегу.
Според неа, поинтензивната дигитална трансформација е поврзана со создавање работни места во преработувачкиот сектор на Западен Балкан, а зголемувањето од еден процент на степенот на дигитална трансформација приближно одговара на 1,16 проценти зголемување на вработеноста.
- Статистичките податоци покажуваат дека едно лице на возраст меѓу 16 и 64 години поминува во просек 6 часа и 42 минути на Интернет. Во нашиот регион, 69 проценти од луѓето користат Интернет. Овие бројки постојано растат. Луѓето се на Интернет. Со цел нашиот регион да се отвори кон дигитална трансформација, така што технологиите можат да се користат опоравување од пандемијата, рече Брегу.
Дигиталниот самит на Западен Балкан е дел од повеќегодишниот акциски план за регионалната економска област, поддржан од лидерите од регионот во Трст во 2017 година.
Првиот дигитален самит на Западен Балкан се одржа во април 2018 година во Скопје, а вториот минатата година во Белград. Самитот се базира на искуството од регионалниот дијалог на високо ниво за дигитална трансформација, во рамките на Берлинскиот процес. паг/