• недела, 17 ноември 2024

Браќа физички се пресметале и повредиле во Кавадарци

Браќа физички се пресметале и повредиле во Кавадарци
Кавадарци, 19 ноември 2022 (МИА) - Браќа физички се пресметале и повредиле во Кавадарци, оваа информација вечерва ја потврди за МИА, Сузана Праниќ Талевска, државен советник во оддел за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи.
- Денеска  во ОВР Кавадарци е пријавено дека по кратка вербална расправија во нивниот семеен дом во Кавадарци, настанала физичка пресметка помеѓу Т.Т.(75) и неговиот брат О.Т.(73). Притоа,  Т.Т. со остар предмет му нанел повреда на О.Т., додека О.Т. употребил  дрвен предмет, а потоа го одзел остриот предмет од братот и му нанел повреди на Т.Т. О.Т. е пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза", а Т.Т. во ЈЗУ Општа болница  Кавадарци за укажување на лекарска помош, појасни Праниќ Талевска.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Праниќ Талевска нагласи дека ова се првични информации. Засега не можат да дадат повеќе детали за случајот. свд/

Остани поврзан