• сабота, 20 јули 2024

Брајан Кренстон оздравел од коронавирус и донирал плазма

Брајан Кренстон оздравел од коронавирус и донирал плазма
Лос Анџелес, 31 јули 2020 (МИА) - Ѕвездата од ТВ серијата „На лош пат“ (Breaking bad), Брајан Кренстон им соопшти на своите обожаватели дека е излекуван од Ковид-19 по што дарувал крвна плазма. - Носете ги тие проклети маски!, порача глумецот притоа. Брајан потоа им објаснуваше на следачите како изгледа процесот на дарување плазма, и како гледал стари филмови додека траела таа постапка. - Имав среќа. Над 150.000 Американци починаа од ова, рече Кранстон. Популарниот Волтер Вајт од легендарната серија, го заврши своето видео со повик да се дарува плазма и повторно ја истакна важноста на миењето раце, физичкото растојание и носењето маски.  си/

Остани поврзан