Братот на Пол Погба и уште петмина на суд за изнуда на фудбалерот
- Братот на фудбалерот Пол Погба излегува пред судот во Париз заедно со уште петмина како дел од случајот за изнуда што започна пред две години, соопшти локалното Обвинителство.
Париз, 11 септември 2024 (МИА) - Братот на фудбалерот Пол Погба излегува пред судот во Париз заедно со уште петмина како дел од случајот за изнуда што започна пред две години, соопшти локалното Обвинителство.
Судијата нареди да бидат сослушани шестмината мажи во врска со изнудата на Погба, во која се осомничени неговиот брат Матијас и пријатели од детството. На Матијас (34) и другите обвинети ќе им се суди „за обид за изнуда и криминален заговор“.
Останатите пет се верува дека побарале 13 милиони евра од францускиот играч за врска, обвинувајќи го дека не ги поддржувал откако станал фудбалска ѕвезда. Тие се товарат за изнуда со обид за насилство, киднапирање и лишување од слобода заради олеснување на кривично дело, како и за злосторничко здружување.
Во текот на истрагата, Погба откри дека платил 100.000 евра на организираната група, во која бил и неговиот брат.
Адвокатот на Матијас Погба одби да коментира.
Случајот стана „јавен“ откако Матијас се закани на социјалните мрежи дека ќе направи „ексклузивни“ откритија за неговиот брат, неговиот агент Рафаел Пимента и Килијан Мбапе. Тој исто така беше фудбалер, поминувајќи голем дел од својата кариера во третолигаши.
На почетокот на годината, Пол Погба беше суспендиран од фудбалот на четири години, откако беше позитивен на тестостерон како играч на Јувентус. Тој ја обжали казната до Арбитражниот суд во Лозана.
Во 2016 година, Манчестер Јунајтед му плати на Јувентус тогаш рекордни 105 милиони евра за Погба.
Погба постигна гол во победата од 4-2 над Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија 2018 година, но беше изоставен од репрезентацијата на Франција четири години подоцна во Катар поради повреда на коленото. дс
Фото: Архива