• петок, 21 февруари 2025

Брант: Имам измешани чувства по реваншот против Спортинг

Брант: Имам измешани чувства по реваншот против Спортинг

Дортмунд, 20 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Јулијан Брант ги искажа своите импресии по синоќешното реми со Спортинг (0:0) во реваншот од плејоф рундата од Лигата на шампионите.

-Има уште простор за растење. Добро се браневме, но не бевме доволно остри во нападот. Мило ми е што поминавме, но имам измешани чувства за играта, изјави Брант за сајтот на УЕФА.

Борусија со вкупни 3:0 се пласира во осминафиналето каде ќе игра или со Астон Вила или со Лил. 

Ждрепката за осминафиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи утре (21 февруари). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан