• четврток, 14 ноември 2024

Бразил испраќа армија за заштита на Амазонија

Бразил испраќа армија за заштита на Амазонија
Бразилија, 12 мај 2020 (МИА) - Потпретседателот на Бразил Хамилтон Моура изјави дека почнало распоредување на трупи за заштита на Амазонија, почнувајќи со сојузната држава Рондонија на границата со Боливија. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро минатата недела донесе уредба со која се дозволува распоредување на војската, слично како минатата година, по разорните пожари и интензивното сечење на шумите. Оваа година армијата се испраќа три месеци порано од минатата година. Владата на Бразил во петокот објави дека уништувањето на шумите во бразилскиот дел на Амазонија нагло се зголеми во април. Уништувањето на шумите се зголемило за 64 проценти во април во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците од сателитите на вселенската агенција ИНПЕ. Во првите четири месеци од 2020 година, уништувањето на шумите е за 55 проценти повисоко отколку во истиот период минатата година, односно уништени се 1.202 квадратни километри од Амазонија, пренесува ИНПЕ. Амазонија е најголемата светска прашума. Нејзиното зачувување е клучно за ублажување на глобалното затоплување поради апсорбирањето огромни количини на гасови со ефект на стаклена градина, велат научниците. јт/  

Остани поврзан