• недела, 22 декември 2024

Бразилско списание ја плати кауција за Алвеш во замена за ексклузивен материјал

Бразилско списание ја плати кауција за Алвеш во замена за ексклузивен материјал

Барселона, 1 април 2024 (МИА) - Кауцијата од милион евра која му помогна на поранешниот дефанзивец на Барселона, Дани Алвеш да излезе од затвор, ја обезбеди познат бразилски магазин, пренесува „Мундо Депортиво“.

За возврат списанието ќе добие ексклузивен материјал за животот на Алвеш. Предвидено е да се направи интервју во формат на документарно видео, во кое ќе се истакне приказната за поранешниот фудбалер.

На 25 март Алвеш беше ослободен од затвор со кауција од 1 милион евра. Беше објавено дека на 40-годишниот Бразилец ќе му го одземат пасошот и ќе треба да се јавува на суд еднаш неделно.

На 22 февруари, судот во Барселона го осуди 40-годишниот Алвеш на 4,5 години затвор за силување девојка во ноќен клуб во каталонската престолнина во 2022 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан