• понеделник, 23 декември 2024

Бразилското Гран при во Формула 1 следните пет години ќе се одржи на патеката Интерлагос

Бразилското Гран при во Формула 1 следните пет години ќе се одржи на патеката Интерлагос
Сао Паоло, 13 ноември 2020 (МИА) – Трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Бразил ќе продолжи да се одржува на патеката Интерлагос и во наредните години. Властите на Сао Паоло објавија дека постигнале договор со сопствениците на Формула 1 за продолжување на договорот за пет години - заклучно со 2025 година. Договорот се очекува да биде официјално објавен наскоро. Првично, се претпоставуваше дека Големата награда на Бразил ќе се пресели од Интерлагос во Рио де Жанеиро, но организаторите на трката се соочија со градежни проблеми. За да се изгради патеката во Рио, тие ќе мораа да исечат значителна шума и да предизвикаат штета на животната средина. Поради оваа причина, како што се очекуваше, властите во Рио де Жанеиро се откажаа од плановите за изградба на автодром. зс/

Остани поврзан