• четврток, 26 март 2026

Бразилскиот претседател со став дека ОН престанале да функционираат бидејќи не успеале не успеале да ги заштитат жртвите од војната во Појасот Газа

Бразилскиот претседател со став дека ОН престанале да функционираат бидејќи не успеале  не успеале да ги заштитат жртвите од војната во Појасот Газа

Куала Лумпур, 25 октомври 2025 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска ги осуди ОН и другите мултилатерални институции, велејќи дека тие „престанале да функционираат“ и не успеале да ги заштитат жртвите од војната во Појасот Газа.

Лула разговараше со новинарите по средбата со малезискиот премиер Анвар Ибрахим пред самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Куала Лумпур, каде што се очекува бразилскиот лидер да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Кој може да го прифати геноцидот што толку долго се случува во Појасот Газа?“, рече Лула по билатералната средба насочена кон зајакнување на врските меѓу двете земји.

„Мултилатералните институции што беа создадени за да се обидат да спречат овие работи да се случат престанаа да функционираат. Денес, Советот за безбедност на ОН и ОН повеќе не функционираат“, рече Лула. зш/

Остани поврзан