• недела, 22 декември 2024

Бразилецот Паулиста доби шпанско државјанство, се надева на деби на Европското првенство 

Бразилецот Паулиста доби шпанско државјанство, се надева на деби на Европското првенство 

Валенсија, 9 декември 2020 (МИА) – Дефанзивецот на шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија, Габриел Паулиста денеска доби шпанско државјанство и изрази надеж дека ќе биде повикан во репрезентацијата на својата нова држава за Европското првенство, идната година.

Роден во Сао Паоло, Паулиста го напушти Бразил во 2013 година, играјќи две години за Виљареал, по што уследија две сезони во лондонски Арсенал, пред да се врати во Шпанија, во летото 2017, како член на Валенсија.

- Долго чекав на овој момент и многу сум среќен. Би сакал да играм за шпанската репрезентација и се надевам на настап на Европското првенство, изјави Паулиста. ег/паг/

Остани поврзан