• петок, 22 ноември 2024

Бојмацалиев: Реконструкцијата на управните служби во МРТ е во тек

Бојмацалиев: Реконструкцијата на управните служби во МРТ е во тек

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) – Реконструкција на управни служби во Македонската радио телевизија започната на 11 декември 2023 е во тек. Како што објави на фејсбук, дополнителениот заменик министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Митко Бојмацалиев, досега, подополагачки работи, изолатерски работи, замена на плафон и молерофарбарски работи се завршени на 5 и 9 кат од зградата, а остануваат уште две фази од реконструкцијата.

- Градежните зафати беа поделени на неколку фази со оглед на ситуацијата со обновувањето на личната документација на граѓаните, каде што во прва фаза беа опфатени два ката кои ги користи Министерството и тоа 5-от кат и 9-от кат. Во оваа фаза на овие два ката се работеа подополагачки работи, изолатерски работи, замена на плафон и молерофарбарски работи. Вкупната предвидена вредност на овие работи изнесува 10.017.251,17 денари без ДДВ и 11.820.356,38 денари со ДДВ, објави тој.

Како втора фаза, дополнува, е планирано и во тек е отпочнување со работа во приземјето на зградата на МРТ.

- Во оваа фаза се прави комплетна промена на ликот на управните служби каде најголем корисник се граѓаните. Тука се опфаќа целосна архитектура на приземјето, со комплетна промена на сите фази како што се, електрика, термотехника, термотехника со сплит системи, термотехника VRF и хидротехника. Вкупната предвидена вредност на целата фаза изнесува 75.193.982,93денари без ДДВ и 88.728.899,86денари со ДДВ, дополнува тој.

Последна, односно трета фаза, е во делот на издавањето на лични документи. 

- Во оваа фаза се работи на подополагачки работи, гипскартонски работи, изолатерски работи, промена на плафони, молерофарбарски работи и столарија со вкупно предвидена вредност од 3.731.917,66 денари без ДДВ и 4.403.662,83 денари со ДДВ. Целокупната вредност на рамковната спогодба изнесува 88.943.151,75 денари без ДДВ или 104.952.919,07 денари со ДДВ, дополнува министерот. ар/аа/
Фото: Фејсбук

 

Остани поврзан