• петок, 05 декември 2025

Бојковска: Со ребалансот на Буџетот за 2025 година за прв пат после седум години не се крати од младите

Бојковска: Со ребалансот на Буџетот за 2025 година за прв пат после седум години не се крати од младите

Скопје, 8 јули 2025

Со Ребаланс на Буџетот за 2025 година за прв пат после 7 години не се крати од младите! Ставаме крај на праксата од минатата власт, кога ребаланс значеше кратење од парите за младите.

Покажуваме дека младите се во постојан фокус на државата!

Зборуваме за бројки кои значат практични и реални политики во образованието, спортот, подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард.

Буџетот за Секторот млади во Министерството за социјална политика е зголемен за цели 98,3%.

Проектот „Купи куќа за млади“– се враќа на голема врата. Сега, со полесен пристап до сопствен дом за младите брачни парови.

За секој студент се обезбедуваат ваучери од 250 евра за набавка на електронски уред.

Обезбедени се средства во износ од 2 милијарди денари за конечна изградба на зградите на ФИНКИ и ФФК и за комплексот на Мајка Тереза.

Владата забрзано работи на реконструкција на Студентските домови во Скопје - Стив Наумов и К.Ј.П, а најавена е и реконструкција на студентскиот дом и медицинскиот факултет во Штип.

Со Ребалансот издвоени се дополнителни:

• 17% повеќе за реконструкција на ученички домови и

• 32,5% повеќе за енергетска ефикасност во студентски домови во споредба со иницијалниот Буџет за 2025 година.

Предвидени се значајни вложувања и во УКИМ, односно дополнителни 505 милиони денари. Со јасна цел: конечно да го вратиме на Шангајската листа.

Помеѓу приоритетите на буџетот е и образованието.

Ставката „Инфраструктура во образованието“ ја зголемивме за 127,6% Вкупниот буџет за оваа намена изнесува повеќе од 644 милиони денари. Тоа се нови или реконструирани училишта во Македонија.

Се насочуваат средства и кон здрава и активна младина.

Во министерството за спорт ќе се слеат над 383 милиони денари за изградба на сали, игралишта и терени во сите општини и населени места.

Буџетската ставка „спортски програми“ има за 19% повеќе средства, додека пак ставката „спортски објекти“ има дополнителни 15%.

Обезбедуваме 42,4% повеќе средства од колку иницијалниот буџет за 2025 година за изградба и опремување на градинки.

Поради тоа што функционалниот Јавен превоз е неопходен дел од животот на младите во секојдневното функционирање, со овој ребаланс се обезбедени средства за набавка на 120 нови автобуси.

Почитувани,

Овој ребаланс на Буџетот за 2025 година е најсилниот доказ дека младинските политики се помеѓу главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Вложуваме во младиот човек. Како ученик, како студент, родител, спортист, претприемач, уметник, како и во било која друга улога во која може да се најде.

Време е младите да имаат сигурна и предвидлива иднина во Македонија, а државата ќе биде нивен главен партнер!

 

Интегрален текст од изјава за медиуми – Драгана Бојковска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан