• петок, 22 ноември 2024

Бошњачки демократски сојуз: Во Украина се случува слична агресија како што се случи во Босна и Херцеговина

Бошњачки демократски сојуз: Во Украина се случува слична агресија како што се случи во Босна и Херцеговина
Скопје, 28 февруари 2022 Бошњачки демократски сојуз будно ги следи настаните во Украина, односно воената агресија на Војската на Руската Федерација. Бошњачкиот народ се сеќава на настаните во деведесеттите години од минатиот век, кога на ист начин беше извршена агресија на Босна и Херцеговина во која Бошњаците масовно страдаа во геноцид и воени злосторства кои ги извршија агресорските војски на нивните соседи. Благодарение на САД оваа војна е завршена и Бошњаците како народ беа спасени од физичко уништување. Денес во Украина се случува слична агресија како што се случи во Босна и Херцеговина. Украина е нападната од страна на Руската Федерација, а Украинците се изложени на масовни страдања со тенденција да бидат уништени и поробени како народ. Бошњачки демократски сојуз го поддржува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина и ја осудува воената агресија на Војската на Руската Федерација. САД и демократскиот свет имаат обврска да и помогнат на Украина и не смеат да дозволат нејзина окупација. БОШЊАЧКИ ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан