Бочварски учесник на Втората конференција за одржлив транспорт под покровителство на Обединетите нации
- Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска учествуваше на Втората конференција за одржлив транспорт што се одржи онлајн, во организација на Владата на НР Кина, а под покровителс
Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска учествуваше на Втората конференција за одржлив транспорт што се одржи онлајн, во организација на Владата на НР Кина, а под покровителство на Обединетите нации, на која се дебатирало за предизвиците и решенијата за постигнување на одржлив транспорт и постигнување на целите на Агендата за одржлив развој 2030 и Парискиот договор за климатските промени.
- Република Северна Македонија ја потпиша Агендата 2030 за одржлив развој во 2015 година и ја потврди посветеноста за нејзино спроведување. Со тоа, Владата на Република Северна Македонија ја промовира регионалната соработка преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура на земјите, заедно со проширувањето на Трансевропската транспортна мрежа што минува низ земјата, соопштија од Министерството за транспорт и врски.
Оттаму наведоа дека во рамките на Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на транспортната заедница Република Северна Македонија, како дел од Западен Балкан, развива насоки за промоција на зелен транспорт и имплементација на Зелената агенда на ЕУ, како и цели за стратегија за одржлива и паметна мобилност. см/сп/