• недела, 22 декември 2024

Бочварски: Убеден сум дека контролорите на летање ќе отстапат од најавата за штрајк, правиме се

Бочварски: Убеден сум дека контролорите на летање ќе отстапат од најавата за штрајк, правиме се

Скопје, 20 декември 2023 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски е убеден дека Синдикатот на Контрола на летање ќе отстапи од најавата за штрајк на 25 декември и на 1 јануари. Порачува граѓаните да бидат спокојни, бидејќи, како што изјави, се прави се и се прават напори.  Синдикатот, пак, со чие раководство Бочварски вчера имаше средба, конечната одлука ќе ја донесе на состанок закажан за утре напладне. 

На пуштање на обновениот пат Битола-Меџитлија, Бочварски изјави дека на средбата со претседателот на Синдикатот на Контрола на летање Александар Тасевски,  заклучиле дека интересот на граѓаните и на државата мора да биде пред се и над се.

-Вчера имав многу продуктивен раговор со претседателот на Синдикатот и  сметам дека беше многу корисен. На минатата средба во октомври имавме четири прашања што беа отворени и на сите се работи во координација со Синдикатот, остана уште едно прашање за кое дискутиравме вчера. Граѓаните да бидат сигурни дека правиме се и правиме напори, а убеден сум дека контролорите од таа најава ќе отстапат, тие ќе имаат свој состанок. Но, по она што го дискутиравме и двајцата заклучивме дека интересот на граѓаните и на државата мора да биде пред се и над се, изјави Бочварски, на новинарско прашање. 

Тасевски во изјава за МИА потврди дека состанокот на кој ќе донесат одлука во однос на штрајкот ќе се одржи утре во 12 часот. 

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ најави предупредувачки штрајк на 25 декември и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НАВ, со критериуми, според Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава. 

Како што изјави претходно Тасевски, прекршена е спогодбата помеѓу Синдикатот и директорите на М-НАВ за која гарант беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и оти ќе го реактивираат штрајкот на 25 декември, од 10 часот до 17 часот, по што ќе се штрајкува и на 31 декември од 00.01 до 1 јануари во 23.59. 

Според Синдикатот, договореното за роковите за времетретрање на огласите за вработување не се почитува, а кадарот кој сакаат да го вработи менаџментот како не е од суштинските дејности и се однесува на деловни асистенти и советник за човечки ресурси, што според нивни сознанија е за еден од поранешните директори во М-НАВ. Еден од огласите, тврди Синдикатот, е со траење од 10 дена, наместо 10 работни, а другиот три дена од кои два се сабота и недела. 

Доколку не бидат повлечени објавените огласи на 25 декември од 10 до 17 часот ќе нема полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на штрајкот за Нова година, покрај блокада на авиосообраќајот на двата аеродрома нема да се опслужуваат ниту прелетите. лв/мт/

 

 

 

Остани поврзан