• вторник, 24 декември 2024

Треба согласност и интерес и од Грција за ставање во функција на железничката линија кај Меџитлија, вели Бочварски

Треба согласност и интерес и од Грција за ставање во функција на железничката линија кај Меџитлија, вели Бочварски

Битола, 23 март 2023 (МИА) - Проектот железничка пруга Битола-Меџитлија е завршен и има употребна дозвола и е во функција, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Според министерот Бочварски, во наредниот период работни групи на техничко ниво од Северна Македонија и Грција треба да ги договорат деталите за целосно ставање во функција на железничката линија.

-Оваа делница поврзува две држави, а ние треба да имаме согласност и интерес од страна на соседна Грција за ставање во функција на железничката линија. Нашите работни групи се подготвени на техничко ниво за да разговараат за почнување, односно ставање во функција на железничката линија. Ние сме целосно подготвени и очекувам интерес да покаже и Република Грција, изјави Бочварски, на новинарско прашање при посетата на Битола.

На 1 февруари годинава стартуваше железничкиот превоз на патници од Битола до селата Кравари и Жабени каде што во моментов завршува, а железничката линија е трасирана за возовите да патуваат до Лерин и Солун.мт/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан