Бочварски и Костадинов на увид во изградба на канализацискиот систем во Банско
- Изградбата на канализацискиот систем во Банско предвидено е да заврши до крајот на април, а е во должина од 15 километри и во вредност од 42 милиони денари.

Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, денеска ќе извршат увид во изградбата на канализацискиот систем во населеното место Банско, Општина Струмица.
Изградбата на канализацискиот систем во Банско предвидено е да заврши до крајот на април, а е во должина од 15 километри и во вредност од 42 милиони денари. дма/са/