Ботас ќе биде првиот возач на Кадилак
- Финскиот возач Валтери Ботас ќе се приклучи на тимот на Кадилак како нивен прв возач.
Детроит, 28 јули 2025 (МИА) - Финскиот возач Валтери Ботас ќе се приклучи на тимот на Кадилак како нивен прв возач.
„GPblog“ објави за постигнат договор со американскиот тркачки тим и договорот ќе биде потпишан во блиска иднина.
Сè уште не е познато кој ќе биде втор возач на тимот и ќе настапува заедно со Ботас. Серхио Перез се смета за главен кандидат за оваа улога, вклучително и поради финансиската поддршка од спонзорите што Мексиканецот може да ја привлече.
Американскиот тим ќе стане единаесетти учесник во светскиот шампионат во Формула 1 во сезоната 2026.
Ботас моментално е резерва за германскиот тим Мерцедес. зс/
Фото: ЕПА