• вторник, 16 јули 2024

Ботас најбрз во квалификациите за ГН на Сахир

Ботас најбрз во квалификациите за ГН на Сахир
Манама, 5 декември 2020 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за трката во Формула 1 за Големата награда на Сахир. Од втората позиција, веднаш зад Ботас ќе стартува замената за Луис Хамилтон, Џорџ Расел, исто така во болидот на Мерцедес. Од 3.-10. позиција ќе се најдат: Макс Верстапен (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Данил Квјат (АлфаТаури), Даниел Рикардо (Рено), Карлос Сајн (Мекларен), Пјер Гасли (АлфаТаури) и Ленс Строл (Рејсинг Поинт). Главната трка за ГН на Сахир ќе се вози во Бахреин утре со почеток во 18:10 часот. зс/

Остани поврзан