Бостон ќе биде продаден за 6,1 милијарди долари
- Актуелниот НБА-шампион Бостон Селтикс ќе биде продаден за рекордна сума во историјата на лигата - 6,1 милијарди долари.

Бостон, 20 март 2025 (МИА) – Актуелниот НБА-шампион Бостон Селтикс ќе биде продаден за рекордна сума во историјата на лигата - 6,1 милијарди долари.
Купувач ќе биде компанија предводена од Вилијам Чишолм, која дејствува со поддршка на приватниот инвестициски фонд „Sixth Street“, објави „Sportico“.
Претходно, „Fadeaway World“ објави дека одлуката на семејството Граусбек да го продаде клубот би можела да биде поттикната од зголемените даночни казни за луксуз и внатрешни финансиски спорови. Семејството Грусбек го купи Бостон во 2002 година за 360 милиони долари.
Клубот е основан во 1946 година. Бостон е 18-кратен шампион во НБА.
Оваа сезона тимот е на второто место во Источната конференција со 50 победи во 69 натпревари. Следниот натпревар на Бостон е на 22 март на гости кај Јута. зс/
Фото: ЕПА