Бостон размислува да го ангажира Кармело Ентони
- Бостон размислува да потпише со слободниот агент Кармело Ентони по веста за повредата на Данило Галинари.
Бостон, 31 август 2022 (МИА) - Бостон размислува да потпише со слободниот агент Кармело Ентони по веста за повредата на Данило Галинари.
Италијанскиот напаѓач заработи скинат менискус на левото колено и ќе го пропушти Евробаскет 2022 година. Се очекува Галинари да остане надвор од тренинг кампот на Селтикс и да се врати на терените во ноември.
Триесет и осумгодишниот Ентони сЕ уште е слободен агент. Минатата сезона со Лејкерси имаше просек од 13,3 поени и 4,2 скока по натпревар.
Претходно беше објавено дека Ентони е заинтересиран да се врати во Њујорк, за кој настапуваше од 2011 до 2017 година. зс/