• петок, 08 ноември 2024

Босанка работи на интернет и патува низ светот

Босанка работи на интернет и патува низ светот
Сараево, 25 септември 2020 (МИА) - Лана Феровиќ, некогаш била успешна адвокатка која решила да ги следи своите соништа, па денес, благодарение на стекнатото знаење, светот е нејзина канцеларија. Светот на Босанката ѝ се променил кога решила да стане видеодизајнерка - „фриленсер“ и своите услуги да ги нуди на интернет. Па, како што Босанката, имено, вели - за помалку од 10 месеци, станала успешна модна дизајнерка која секогаш има доволно време за себе, сама си го одредува работното време и патува низ цел свет. - Сакав да добијам дополнително образование. А, имајќи предвид дека во меѓувреме почнав да се занимавам и со фотографија, а и видеото (како технологија) отсекогаш ме привлекуваше, решив да се запишам на курс по видеодизајн на Ај-ти академијата. Главната мотивација за тоа беше „слободата на движење“ во поголем простор и - патувањата да се претворат во мој постојан начин на живот, вели Лана. Според неа, некои „фриленсери“ заработуваат и трипати повеќе од просечната плата. - Затоа, секој што размислува за напредување, промена на кариера или дополнителен извор на приход, прво ќе треба да добие дополнително образование во некоја од информатичките области, бидејќи во денешно време тој лесно може да го смени текот на животот во насока што ќе го направи посреќен, рече Лана. Така, нејзината последна препорака гласи - исфрлете ги сите изговори и веднаш почнете да ги остварувате вашите желби и цели, па така, следната успешна приказна може да биде ваша. си/паг/

Остани поврзан