• четврток, 09 мај 2024

Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Дортмунд, 13 март 2024 (МИА) - Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада ПСВ Ајндховен со 2:0.

Двата тима ја завршија пресметката во Холандија со резултат 1:1.

„Жолто-црните“ тргнаа многу силно и поведоа во третата минута по голот на Џејден Санчо, кој бележи втор натпревар по ред. До одморот избраниците на Един Терзиќ не успеаја да го зголемат водството и во вториот дел имаше доста тешки моменти откако ПСВ ја презеде иницијативата.

Ударот на Ирвинг Лосано ја погоди гредата, а Кобел неколкупати интервенираше за да го зачува водството на својот тим.

Голот на Фулкруг беше поништен поради офсајд, а во продолжението Де Јонг направи огромно промашување со кое можеше да израмни.

Неколку секунди подоцна Марко Ројс казни грешка во одбраната на холандскиот тим за да го обликува конечниот резултат. дс

Фото: УЕФА

Остани поврзан