• четврток, 19 декември 2024

Борко Ристовски го однесе Вардар во финалето на СЕХА лигата

Борко Ристовски го однесе Вардар во финалето на СЕХА лигата
Задар, 4 септември 2020 (МИА) – Вардар ќе има шанса да ја брани титулата во регионалната ракометна Сеха лига, откако вечерва на пенали го победи ППД Загреб со 30:29. „Црвено-црните“ се наоѓаа пред пораз, но во последните десетина минути на сцена стапи голманот Борко Ристовски кој спречи неколку чисти погодоци на противникот, а во пенал серијата одбрани два удари и го однесе својот тим во финалето. А дека ќе биде така не изгледаше до самиот финиш. Загре пчани првата посериозна предност ја создадоа во првото полувреме од 17 до 23. минута кога од 8:9 направија серија од 5:0 за водство од 13:9. „Црвено-црните“ резултатски се вратија во игра, намалија на 13:14 во 28. минута и имаа напад за израмнување. Сепак на полувреме се отиде со резултат 16:13 за хрватскиот шампион. [caption id="attachment_1121993" align="alignnone" width="300"] фото: СЕХА[/caption] Во вториот дел, Загреб по само четири минути дојде до +5 (19:14), а на девет минути пред крајот по втор пат имаше највисоки шест разлика (24:18). Следуваше серија од пет гола на Вардар за враќање на неизвесноста и 24:23 во 56. минута. Во 28. минута Вардар напад за израмнување, но тоа што не им успеа тогаш, се случи со звукот на сирената за 26:26 по 60 минути игра. Покрај Ристовски со 10 одбрани, во победничкиот тим се истакнаа Кристијан Дисингер и Тимур Дибиров со по шест гола. Во финалето, вардарци в недела ќе играат со Веспрем, додека Загреб во меч за 3. место ќе се сретне со Мешков Брест од Белорусија. зс/

Остани поврзан