• недела, 22 декември 2024

Борис Џонсон: Избегнувајте непотребни социјални контакти

Борис Џонсон: Избегнувајте непотребни социјални контакти
Лондон, 16 март 2020 (МИА) - Британските граѓани треба да ги избегнуваат сите непотребни социјални контакти, јавни настани и патувања, нагласи денеска премиерот Борис Џонсон, остро критикуван за неговиот „млак“ одговор на епидемијата на новиот коронавирус поради кој во таа држава живот загубија 53 луѓе. Џонсон рече дека се става крај на социјалниот живот во петтата најголема економија во светот. - Сега е време сите да го прекинат непотребните контакти со другите и сите непотребни патувања, рече Џонсон на прес-конференција на Даунинг стрит. - Треба да избегнувате пабови, клубови, театри и други такви места. На прашањето дали ќе нареди затворање на пабови, клубови и театри, Џонсон рече дека нема, но се надева дека граѓаните ќе заземат одговорен пристап.зш/

Остани поврзан